Како скијач кога ќе се соочите со длабок и ненатапкан снег добро е да имате на ум за каков вид на снег се работи. Ризикот од лавина секогаш постои! Никогаш не одете сами и секогаш најавувајте се кај вашите пријатели за вашиот престој во природа и планираното време на враќање.

Снег

Кога снегот е мек и сув, релативно е лесно движењето со нозете и скиите и постигнувањето брзина. Ова може да има чуден ефект на вашата координација на почетокот, но е и најлесен вид на терен за почетници.
Кога снегот е влажен и тежок тогаш работите стануваат малку покомлицирани! Кога скијате на тежок снег мора да вложите повеќе труд да тргнете со скиите, а кога вртите мора да фатите поголем агол! Брзината станува уште поважна бидејќи отпорот е многу поголем отколку на лесен снег!
Овие услови се тешки за почетници, но еднаш штом ги научите може да скијате на било каков снег. Имајте на ум дека кога ќе падне нов снег и кога дува ветер, лесниот снег се собира оставајќи дупки и голи камења по теренот! Добро простудирајте го теренот пред да тргнете во авантура!

Off Piste

Движења

Во текот на спустот мора да ги координирате своите движења на телото со подлогата, со што би ја контролирале брзината. Голема е разликата помеѓу прашкаст и влажен снег. Кога ќе стекнете одредено искуство и добиете на брзина во текот на спуст, на снежните падини ќе им пристапите како на екстремен полигон за забава! За професионалните скијачи скоро и да нема препреки па поминуваат лесно помеѓу дрва и препреки, а карпите ги користат како вид на скокалници!

Off Piste 2

Опрема

Денешните скии се далеку посовршени од некогашните, така што нема толкав отпор од снегот. Тоа го прави управувањето на скиите полесно, а можат да се постигнат и големи брзини. Денешните производители ги прават скиите со поголем бочен рез, од кој може да се извлече поголема сила. Додатните слоеви на скиите влијаат на многу поудобен и сигурен доскок од поголеми висини.