Мауна Кеа или Белата планина е највисоката точка на Хаваите. Се издигнува на околу 4207 метри надморска висина на Големиот остров. Ако на висината и го придодадеме и нејзиното подводно подножје од околу 6000 метри Мауна Кеа е висока околу 10,200 метри, и тоа како го надминува и највисокиот врв во светот - Монт Еверест.

Скијањето и сноубордингот се многу популарни активности на овој неактивен вулкан од јануари до март секоја година, иако овде нема изградено никаков класичен скијачки ресорт.

Mauna Kea

Овде нема да најдете продавница за изнајмување скијачка опрема, ниту ски лифтови, заштитни огради, дури ни место за одмор - но тоа не ги спречува искусните скијачи и бордери да се спуштаат од нејзиниот снежен врв.

Не само дека на Мауна Кеа нема обележани скијачки патеки, туку е проблем и качувањето до врвот. Имајте на ум дека на снежните радости на оваа хавајска планина ќе уживате само доколку си изнајмите возило со погон на 4 тркала и возач кој при секој спуст ќе ве чека во подножјето.

Mauna Kea

Покрај се, поради недостаток на кислород на врвот на овој неактивен вулкан, луѓето овде се изложени на ризик од добивање висинска болест.