Поради доцнење на скијачката сезона, односно немање доволна количина снег на патеките на Попова Шапка, ски-центарот излезе со соопштение за оние кои набавиле сезонски ски-билет:

Почитувани,
Ве информираме дека заради немање доволно количество снег, скијачката сезона, оваа година, во Ски – центарот „Попова Шапка“, значително доцни.
Заради скратена сезона, сезонскиот ски – билет, доколку годинава имаме ски сезона, ќе важи и оваа и следната скијачка сезона. Од тие причини, ги известуваме сите наши клиенти кои имаат набавено сезонски ски – билети за оваа зимска сезона дека истите ќе бидат ставени во функција и ќе важат и за следната зимска сезона. Иако, Ски – центарот има целосен увид и документација за тие што набавиле сезонски ски-билет, сепак, ве замолуваме да ги зачувате издадените сезонски ски – билтети до следната година. Ви благодариме на разбирањето.