Фрирајд скијањето во Македонија станува еден брзо-растечки и доста популарен адреналински спорт. Македонија има долги планински масиви долж западната граница и некои од најстрмните падини се на северозападната страна , каде снегот се задржува доста долго.

Повеќете ски терени се на источна страна, така што западните падини обично се недопрени и одлични за фрирајд. Всушност, на повеќето од планините како што се Шар Планина, Кораб, Јабланица, Јакупица, Кожуф, 80% од терените не се во употреба од ски центрите, оставајќи огромна количина на солиден пудра снег за ски фанатиците.

Freeride

Овој спорт се популаризираше последниве години поради овие три причини:

  1. Добар избор на ски терени неповрзани со ски центрите
  2. Идеална температура и солидни услови
  3. Одлични цени. Цените за организираните фрирајд тури се едни од најразумните во Европа. Луѓе од цел свет доаѓаат за фрирајд скијање во Македонија.

Freeride

Македонските фрирајдери обично се собираат во група, и се качуваат до одреден терен пеш, носејќи ја нивната опрема на ранци на грб. Ова значи дека во најдобар случај би имале 3 до 4 спустови во текот на денот. Има посебно чувство во ова, се чувствува посебната врска со планината, шанса за спуст по падини каде што никој не бил досега.

Секако, постои развиен фрирајд туризам, неколку компании организираат тури со ратраци на најпопуларните падини или врвови, или некои помалку познати места кои имаат добар пристап во текот на сезоната.

Freeride

Истотака може да најмите и водичи со кои ќе имате добри мерки на претпазливост. На овој начин не губите енергија пешачејќи нагоре и така штедите време со ратрак, така што овој начин ви овозможува да направите и до 10тина спустови во текот на еден ден.

Секако постојат и ризици од лавини во овој спорт, но локалните водичи и возачи на ратраци се запознаени со опасните места и успешно ги избегнуваат. Затоа овие несреќи се екстремно ретки. Меѓутоа, во случај на несреќа, Центарот за управување со кризи е на располагање на бројот 195. Тие најдобро би знаеле кој да ангажираат за да ви помогне.

Freeride

Ако барате зимска адреналинска авантура, македонските фрирајд ски тури дефитивно вреди да се пробаат. Ќе видите делови од планините кои не сте ги виделе во текот на нормални ски тури. Ќе скијате или бордате недопрени чисти падини кои ќе бидат само ваши во тие моменти.