Обично за потребната припрема за скијање се освестуваме непосредно пред поаѓање. Тогаш во неколку дена напорен тренинг сакаме да го надокнадиме целото заостанување. Затоа сега ве потсетуваме на време дека припремите почнуваат во градот.

Ова е секако најважниот совет и треба да се сфати сериозно. Спуштањето по снежни падини физички и технички е многу напорно и поради опасноста од повреди, кои можат да бидат многу тешки. Всушност затоа за сите возрасти и нивоа на скијачко знаење, најважна е што подобра физичка подготвеност. Тука првенствено се мисли на мускулната сила, правилнот баланс на мускулните групи, добра општа кондиција и издржливост. За таа цел треба да се зајакнат мускулите, а освен вежбање во теретана или дома, ви предлагаме припрема на изокинетички уреди.

Ski Prepare

Се работи за вид на „вселенска“ технологија која во 80-тите години од минатиот век ја разви НАСА за припрема на своите астронаути. Иако досега методот бил достапен само за врвните спортисти, последните години е достапен за широката популација и со тек на време станува стандард за припрема, но и за рехабилитација после повреди или операција. Методот подразбира значително ефективно вежбање т.н. целно зајакнување на мускулите (програм работен на база на изокинетички тестирања), без оптеретување на самиот зглоб, а резултатите се видливи дури после неколку дена вежбање.

Ski Prepare

Освен изокитенички се препорачуваат и дополнителни ексцентрични вежби кои ги стимулираат оние мускулни групи кои најмногу се користат при скијање, како што се мускулите на надколеницата (квадрицепс), на задникот, стомакот, грбот и други. Истотака во програмот за припрема за скијање секако мораме да вклучиме и вежби за проприоцепција. Така со вежбање на нестабилни подлоги ги припремаме неуромускуларните врски и останатите мускулно-коскени структури на напорни движења во текот на скијањето, што е посебно важно во превенцијата од повреди.

За подобрување на општата кондиција и издржливост (при што истотака се зајакнуваат мусклите) се препорачува барем 3-4 пати неделно да се практикуваат некои од аеробните спортови, како што се возење велосипед, брзо одење, пливање, трчање, веслање и сл. Ако е воопшто можно, се препорачува овие вежби да се изведуваат под надзор и да се извршат превентивни прегледи и тестови, без оглед на фактот дека не се работи за врвни спортисти.

Ski Prepare

За оние амбициозните предлагаме да извршат спироергометриско тестирање со кое се добиваат прецизни податоци за состојбата на организмот и препорачаните зони на тренинг и физичко оптеретување. На база на тоа тестирање може безгрижно многу да се занимавате со физички активности, знаејќи дека вашата здравствена состојба е добра, дури и под големи напори.