На 17 март, седум атлети тргнаа во предизвикот да ја поминат најдолгата ски патека во светот. Поаѓа од австрискиот главен град Виена, поминува низ некои од највисоките врвови на Алпите и завршува во францускиот град Ница. Нивната цел е да поминат 1917 километри за 40 дена и да го подобрат единствениот рекорд на оваа патека кој е направен во 1971 година.

Што се случува сега на патеката?

Десет дена по почетокот на проектот Red Bull Der Lange Weg, разбравме дека атлетите се соочуваат со тешки временски услови. Тие се движат напред, но се борат со магла, силен ветер и студ.

Red Bull Der Lange Weg

Според најновите информации, сите членови на експедицијата пристигнале во австриското село Бад Гаштаин. Досега, 398 километри и 21.880 метри денивелација за 83 часа движење и скијање. Нивната следна цел е австрискиот највисок врв - Гросглокнер (3798 м).