Денешниот снег ги израдува скијачите и сноубордерите, па така битолчани ги запалија сноубордите и направија неколку спустови на свежиот снег на ски-центарот Копанки.

Изминатово деноноќие во југозападниот и западниот дел на Македонија паднаа преку 30 сантиметри нов снег, така снежната покривка значително се зголеми, а од утре веќе неколку ски-центри ја отвораат годинешната ски сезона.

Со работа започнуваат ски-центрите „Копанки“, „Ниже Поле“, Попова Шапка, а единствено скијање досега имаше само на Маврово. Ски центрите веќе ги спремаат патеките за своите гости!

Од ски центарот Копанки најавија по повод отворањето на скијачката сезона утре 06 февруари жичарата ќе биде бесплатна.