Патувањето е еден од најголемите и мудри учители.

Тоа носи и предизвикува промена на гледиштата и перцепциите на животот. Тоа е како оган кој се разгорува кај авантуристите и останува да тлее во нив засекогаш.

Додека сте на пат или веќе сте се вратиле и сте положиле глава на вашата перница, тогаш можат да ви текнат брилијантни идеи.

Aко тоа уште не се случило, послужете инспирација во овие 10 цитати за патувањата:

Некои од нас патуваат за да најдат други места, други животи, други лица 
Анаис Нин
Скитаме за да се насмееме, но патуваме за да се збогатиме 
Илер Белок
Се што сум бил, го носам во себе. Се што ќе бидам, ме чека на патот пред мене 
Ма Џиан
Целта на човекот никогаш не е местото, туку нов начин да ги види работите 
Хенри Милер
Убаво е да знаеш кога доаѓа крајот на едно патување, но на крај значење има само искуството 
Урсула Ле Гуин
Секој од стотиците илјади градови има свое зајдисонце - вреди барем еднаш да го видиш 
Харуки Мураками
На секој нареден километар - светот се менува 
Роберто Болано
Кога ќе се посветиш целосно на местата кои ги посетувате, тогаш тие ти возвраќаат со истото 
Ребека Солнит
Мислам дека сите патуваме за да пронајдеме себеси, кога ќе се вратиме дома 
Адичие
Еднаш ако те заразат „бацилите“ на патувањето нема да најдеш противотров. И да знаеш дека ќе бидеш среќно заразен до крајот на животот 
Мајкл Пејлин