Камп приколките постојат долги години и со времето видот им се менувал во неколку наврати. По патиштата сеуште можат да се забележат различни ретро класици. Класици со необичен дизајн.

Saab 95 HK

Saab 95 HK

Зошто да влечете приколка со автомобилот, кога можете да ја возите самата приколка? Па, ако сте еден од двата сопственици на планетата, кои ги поседуваат единствените две произведени приколки од овој модел.

Овој самооден караван е базиран на класичната Saab 95, кој претрпе драстични измени, за да се претвори во удобен дом на тркала. Купето е целосно од алуминиум, а внатре е декориран со дрво, за поголема удобност. Дизајнот е на Торстен Јохансен.

Hunt House Car

Hunt House Car

Овој ретро футуристички пријател се појавува во далечната 1937 година. Неговиот творец Џ. Рој Хант гледа толку напред во иднината, со што го создава овој кампер, опремен со сопствена туш кабина. Во него има и шпорет, тоалет и огромен кревет.

Произведени се 50 парчиња, а за основа е користен камион на Ford.

Citroen DS 21 Camper

Citroen DS 21

Во 70-тите години на минатиот век честа вообичаена практика станаа француските Citroen DS 21 и DX кои се трансформираат во различни форми и големини.

На сликата е моделот од 1970 година, кој беше повторно изграден во 1977 година од Денис Бинде. Новиот милениум оваа приколка го дочека заборавена во дворот, но во 2005 година сопственикот го реставрира и во 2015 година успешно го продава на аукција.

Rover P5B

Rover P5B

Дали сакате да се одморите со стил? Земете го вашиот Rover!

Создаден во 1969 година, овој автомобил брзо стана шармантен кампер. Во 1996 година мобилниот дом беше подложен на големи поправки, при што станбената единица беше комплетно реновирана. Во 2015 година, Rover-от беше продаден за 3500 фунти.

Austin Mini Wildgoose

Austin Mini Wildgoose

Wildgoose е фабрички модел за кампери, базиран на познатиот Мини, произведен во 60-тите години од Британската моторна корпорација. Во тоа време друштвото кое доживува финансиски тешкотии на пазарот доаѓа со ограничена серија на овие кампери, наменети за пензионирани двојки.

Стандардната опрема вклучува 4 седишта, брачен кревет, маса, завеси, шкаф и резервоари за вода.

Volkswagen Beetle Minihome

Beetle Minihome

Кога автомобилот се претвора во зимзелен евергрин, сосема е нормално да подлежи на било какви модификации само за да ги задоволи потребите на своите обожаватели. Ова е миленик на многу „желки“.

Trabant 601 Wohnmobil Luxus

Trabant

Источно-европскиот аналог на „желка“ a.k.a. трабант е исто така возило со култен статус и како таков има своја верзија на кампер. Всушност, постојат најмалку уште неколку варијанти, но ние ја издвоивме оваа поради масата на преклоп, малата печка, чешмата, а особено дополнителната задна оска!