Вчерашниот ден пред 154 години наназад, во далечната 1865 година, е денот кога највисокиот врв во светот официјално го добива своето сегашно име - Еверест.

Осумилјадникот е именуван по Џорџ Еверест, британски геодет, картограф, воен офицер и инженер, кој бил научен соработник во Кралското географско друштво и директор на индиската топографска служба. Ова се случува по препорака на Енри Лаф, кој е наследник на топографската служба на Џорџ Еверест.

Причината за избор на европско име е дека имало многу локални жители, и тешко би било да се посочи еден по кој би се крстил врвот.

George Everest Џорџ Еверест

Пред 1865 година Еверест бил познат како Пик XV.

Самиот Џорџ Еверест не бил согласен со изборот на Енри Лаф, неговата главна грижа била дека името Еверест не може да биде напишано на индиски или правилно изречено од страна на Индијците. Сепак, конечната одлука на Кралското географско здружение оди во корист на Лаф.

Во Тибет, мештаните осумилјадникот го нарекуваат Комолангма или како што го знаеме - Џомолунгма.