Во тинејџерските години Фредрик Шенхолм започнал со работа во фото студиото на неговиот татко во Гетебург во Шведска. Меѓутоа, во тоа време бил целосно незаинтересиран за фотогарфија. „Најмногу сакав да заработам пари за некое пиво“, се присеќава. Но подоцна татко му му купил фотоапарат кога имал 16 години, со што оттогаш станал опседнат со уметноста.

Единствен начин како Шенхолм го гледа светот е преку неговиот објектив. „Фотографијата е дел од мене“, опишува тој. „Не уживам во природата и авантурите и нивната целина без мојот фотоапарат. За авантуристичка фотографија зависат многу фактори кои неможам да ги контролирам. Да се биде таму, во некоја ситуација каде се изгледа добро без фотоапарат би било кошмар.“

Животот на Шенхолм се состои од компонирање, сликање, патување на далечни места и авантури во близина на неговиот дом во Шведска, сето тоа со неговиот фотоапарат. „Фотографијата ме однесе на многу места и ми даде многу. Толку сум обземен со спортовите во природа, и боите и феномените од природата. Нема подобра комбинација во мојот живот“, вели Шенхолм.

Фредрик Шенхолм е еден од оние маркантни и инспиративни луѓе кои својата пасија и екстремниот талент го претвориле во кариера. Неговите фотографии ја покажуваат магнитудата на малите моменти. И некако тој ги прави невозможните слики возможни. Не е толку бедно за момче кое бара малку пари за пиво.

Nallo Sweden

Локација: Нало, Шведска
Скијачи: Томас Бергмалм, Пер Јонсон, Даниел Фурберг
Оваа област се вика Нало, една од најдивите места во северните планински масиви во Шведска. Овде скијавме сами во почетокот на март. Единствен пристап е затворениот пат оддалечен околу 50 километри. Но во средината на март, хели-ски сезоната започнува и нема место каде да поставите ски камп.

Senja Norway

Локација: Сења, Норвешка
Скијачи: Јохан Енгебрат
Островот Сења е лоциран на далечните северни краеви од норвешкиот западен гребен. Пред неколку години барав непознато место за ски тури и наидов на овој остров. И дефинитивно беше непознат. Поминав месец дена на островот и сретнав само петмина скијачи. Навистина е невозможно да ги поминете другите ски стази. Оваа слика е на планината Кеипен каде Јохан Енгебрат се спушта надолу по стрмните југозападни падини додека заоѓа сонцето.

Alta Norway

Локација: Алта, Норвешка
Скијачи: Андерс Вингквист
Скијање под северните светла односно Аурора Бореалис е фантастична работа. На моменти, зелената светлина е толку силна што е возможно скијање без челни ламби. Поминавме цел ден на планината и останавме на врвот Васнестинд додека заоѓаше сонцето и зелените светла започнаа да се појавуваат на небото.
Бевме најсеверно што може да се стигне во Скандинавија, и бевме единстевените скијачи во таа област. После уживањето во погледите од врвот, скијавме надолу под магичното зелено небо. Малку е тешко да се сликаат северните светла скијајќи. Фотоапаратот треба да е поставен на триногалка. Испадна перфектна фотографија, иако не беше за со блиц. Како Андерс го правеше своето вртење, го „запалив“ со блицот.

Kamchatka Russia

Локација: Камчатка, Русија
Скијачи: Оскар Хубинет
Се обидував да фатам комбинација од скијање и вулканска ерупција цели пет години и конечно успеав во Камчатка, Русија. Бев опседнат со концептот. Истражувањето и планирањето беше енормно исцрпувачки. Но секогаш знаев дека ќе се случи. Можев да го почувстувам. И кога ја доловив, чувството беше неверојатно после низа неуспешни години... но многу добри авантури.

Kamchatka Russia

Локација: Геирангерфјорд, Норвешка
Кајакари: Јеспер Апелквит, Карин Апелквист, Лин Шенхолм
Оваа област е оценета како најсценска област во светот од многу магазини за патувања и компании. Јас и моите пријатели се согласуваме со тоа. Ова е најпознатиот Геирангерфјорд со кристално сина вода, стрмни карпести ѕидови, и водопади. Навистина е одлично место каде би се почувствувале многу многу мали.

Lofoten Norway

Локација: Лофотен, Норвешка
Скијачи: Оскар Хубинет
Островот Лофотен е лоциран на северот од Норвешка. Најпознат е за набљудување на фјордовите и океанот, но сакав да го доловам на поинаков начин. Овде, скијаме надолу од врвот Блатинд, кој е над градот Сволваер. Така го прескокнав класичниот поглед на фјордот и океанот, и направив градска фотографија од скијањето на Лофотен.

Lofoten Norway

Локација: Лисефјорден, Норвешка
Атлет: Кристијан Шоу
Со Кристијан ни одзема цел ден да го поставиме ова јаже 1000 метри над Лисефјорден во Норвешка. А на Кристијан му беа потребни неколку обиди да го заврши 12 метарскиот од. Ја направив оваа фотографија и заврши во Гинисовата книга на рекорди. Ја пратив фотографијата на Американското списание на качувачи и мислам дека им се допадна.

Romsdalshorn Norway

Локација: Ромсдалсхорн, Норвешка
Качувач: Тормод Гранхеим
Ова е класично планинарско искачување на другата страна од долината на познатиот Трол Вол. Како што абзелувавме со Тормод од врвот на Ромсдалстинд, сонцето беше на хоризонтот. Неочекувано Тормод перфектно се позиционираше со црвениот облак позади него. Ја доловив оваа фотографија. Неколку секунди подоцна црвените бои исчезнаа и сонцето беше под хоризонтот. Многу пати треба да се биде на вистинската локација во вистинско време.