Има нешто заедничко меѓу скајдајвингот и нуркањето - даваат целосна слобода на движење во 3D просторот.

И двата спорта се страшни, но да ги практикувате заедно звучи малку неверојатно. Но очигледно не и за Австралиецот Гуливер Пејџ.

Во следното видео го гледаме Пејџ како скока од хеликоптер, отвора падобран, а при слетувањето во вода се откачува од падобранот и се нурнува во морето.