Денес започнува 8мото издание на ЕХО фестивал на планински филм кое ќе трае до 27 октомври. Отворањето на фестивалот е најавено вечерва во кино Милениум од 20 часот.

Проекциите ќе се одвиваат во три кино сали, кино Милениум, кино Фросина и Џепното кино во МКЦ. Оваа година ЕХО ќе има најбогата филмска и презентациска програма до сега, 35 филмови од автори од 13 земји и тројца меѓународни презентери – гости од Полска, Украина и Франција, како и подршка од домашен терен со уште две презентации.

Како и минатите години така и оваа има конкурс за најдобра планинска фотографија, кои ќе бидат изложени за време на фестивалот, и конкурс за најдобро кратко видео, од кои 20те најдобри ќе бидат прикажани на филмското платно.

Повеќе инфо и програмата на фестивалот може да најдете на официјалниот сајт на ЕХО фестивал на планински филм.