ПК Љуботен е доброволно, масовно, непартиско здружение на граѓани, кое работи и делува кон реализација на конкретни цели и задачи во областа на рекреативните спортови, планинскиот туризам, и образование.

ПК Љуботен е најстариот планинарски клуб во Македонија, кој датира од 1925 година.

Заштитата на животната средина и екологијата се наша обврска. Негувањето на традицијата, особено богатата историја на клубот и Шар Планина е во рамките на клубот.

Планинарскиот дом Љуботен е изграден на североисточниот дел на планината Шар Планина, под доминантниот врв Љуботен, над селата Вратница, Старо Село и Рогачево на 1635 метри надморска височина.

Изграден во 1931 година, планинарскиот дом има потреба од реновирање. Пред три години домот Љуботен официјално стана сопственост на клубот. Плановите за реновирање беа поставени и самото реновирање е започнато. Проектот се состои од 3 фази, А, Б и В. Поради својата местоположба и висока надморска височина транспортот на материјали, опрема и работници е многу предизвикувачка и со тоа се зголемуваат трошоците за реновирање.

  • Фаза А - промена на покривот, надградба на тоалетите, промена на прозорци и зајакнување на внатрешната изградба
  • Фаза Б - зголемување на кујната, надградба на собите и мебелот
  • Фаза В - уредување на дворот и реновирање на бунгаловите

Активностите од минатата година за фаза А чинеа 32.000 долари.

Ве покануваме да ни помогнете со вашата донација, за да може да акумулираме доволно средства за да продолжиме со обновата на планинарскиот дом „Љуботен“, така што сите генерации би уживале во спектакуларните пејсажи и убавини на Шар Планина од овој национален белег.

За подетална презентација посетете го следнот линк.

Страница за донации - GoFundMe [завршено]