Ноќеска на 91-вото издание на Оскарите во Лос Анџелес, филмот за слободното искачување на Ел Капитан на Алекс Хонолд, Free Solo го освои Оскарот за најдобар документарен филм!

Тимот кој стои зад создавањето на Free Solo лично ја прими својата награда.

Му благодарам на National Geographic што веруваа во нас. Благодарност на целиот тим кој работеше на филмот. Ти благодариме Алекс Хонолд, што ни даде храброст и нѐ поучи како да веруваме во невозможното. Овој филм е за сите што веруваат во невозможното! - возбудено изјави Елизабет Чаи Васарели.  

Филмовите со кои Free Solo се бореше во оваа категорија беа: Hale County This Morning, This Evening, Minding the Gap, Of Fathers and Sons, RBG.

Неколку месеци по премиерата на Free Solo во САД, критичарите го идентификуваа како еден од најимпресивните филмови во 2018 година. Тој е исто така признат и од Британската академија за филмска и телевизиска уметност, која му додели награда за најдобар документарен филм на 72-та церемонија.

Светската премиера на филмот, која раскажува за првото слободно соло искачување на Ел Капитан што го направи Алекс Хонолд ќе биде на 3 март на National Geographic и ќе биде проследена во 172 земји.