„Библијата за планинарските експедиции во Непал“ или поточно Хималајската база на податоци сега е достапна за секого. Претходно, информациите содржани во базата беа достапни само на CD, но чуварите на евиденциите зад овој богат ресурс ги објавија податоците онлајн на himalayandatabase.com каде симнувањето е бесплатно.

Според веб страната на Хималајската база на податоци, информациите вклучуваат записи за повеќе од 450 различни врвови, над 9600 експедиции и 70.000 индивидуални планинари. Ги опфаќа сите експедиции од 1905 до 2017 година на сите значајни непалски врвови, како и податоци за планините што граничат со Тибет, вклучувајќи ги Еверест, Чо Оју, Макалу и Кангчењунга.

Секој запис содржи биографски информации за сите членови наведени во дозволата, како и за ангажираните членови (на пр. Шерпаси) за кои има значајни настани како што се успех на искачувњето, смртни случаи, несреќи или спасување. Базата на податоци, исто така, наведува повеќе од 10.000 референци во медиумите и литература за големите искачувања.

Хималајската база на податоци е труд на Мис Елизабет Холи, а американскиот новинар кој во 1960 година дојде во Непал никогаш не замина. Со текот на годините, таа собирала информации за сите значајни искачувања на Хималаите, од прва рака, а подоцна ги внесувала и во компјутер. Овие податоци прераснаа во Хималајска база на податоци, а таа стана најистакнатиот орган за качување во Непал. Сега, на 94-годишна возраст, таа му ја предаде работата на други, но сепак игра клучна улога во проектот.

Повеќе за Хималајската база на податоци може да дознаете овде и да ја преземете сами.