Полинезија ќе исчезне под бранови, Пакистан и јужна Индија ќе бидат напуштени, а Европа полека ќе се претвора во пустина. Така би изгледал светот доколку во просек се зголемат температурите за четири степени.

Од друга страна, западниот дел на Антартикот не е повеќе под мраз и ненаселен. Паметните градови се преплавени со нови зелени области. Северна Канада, Скандинавија и Сибир стануваат плодни почви на кои може да се произведува храна за стотици милиони климатски бегалци.

Мапата која стана предмет на внимание помеѓу медиумите е стара осум години, но е актуелизирана бидејќи се испостави дека релативно прецизно ги проектирала трендовите, па така Антартик полека позеленува.

Climate Change

Авторите на мапата своевремено истакнаа дека се одлучиле на ваков пристап бидејќи тоа ги покажува и „добрите страни“ на климатските промени, односно реалистичната слика на прифаќање на новата вистина покрај промената на климата.

Тие сметаат дека треба да се бараат решенија кои ќе го спремат светот за новите климатски правила, а не да се троши време и пари на проба кон враќање на старото.

Секако, последиците се несогледливи за огромен број луѓе.

Со кафеава боја на мапата е означен дел од светот на кој не би можело да се живее поради поплави, суши и екстремни временски непогоди. Тоа значи дека теоретски би се опростиле од источниот брег на САД, Мексико и останатиот дел од Централна Америка, средниот дел на Јужна Америка, Мозамбик и Мадагаскар во Африка, а Азија ќе остане без индискиот подконтинент, вклучувајќи го и цел Пакистан. Огромен дел од Колорадо практично се претвора во поток.

Climate Change

Со портокалова боја се означени ненаселивите пустини. Тоа е поголемиот дел од САД, остатокот од Јужна Америка, речиси цела Африка и јужната половина на Европа и Азија. „Реките пресушиле, пустините надвладеаа, а на Алпите нема снег“, предвидува мапата.

Со црвена боја се означени земјите кои се исчезнати поради растот на нивото на морето.

Со светло зелена боја се зоните каде се одгледува храна и се издигаат компактни градови кои одат во висина. Тоа е западниот дел на Антартикот, кој е целосно непрепознатлив, густо населен со високи згради. Нов Зеланд истотака би бил густо населен, а ќе започне населување во напуштените делови на Сибир и Канада. Поголемот број од светската популација живее во Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и северна Русија.

Climate Change

Топлата клима би можела да доведе до ново пошумување на одредени области, како што се Сахел и Западна Австралија. Тие би се користеле за соларни фарми и геотермална енергија. Гигантските ветерници на бреговите на Јужна Америка, Алјаска и Северното море би генерирале поголем дел од потребната енергија.

Мапата прво ја објави „New Scientist“ а потоа „Parag Khanna“ за својата книга „Connectography“. „Целата популација во артичкиот регион сега е помалку од 4 милиони, дали во наредните 20 години може да биде и 400 милиони“.