Ако се продолжи со согорување на фосилни горива на неодредено време, глобалното затоплување на крајот ќе го стопи сиот мраз на половите и на планинските врвови, а нивото на морето ќе се подигне за 65 метри. Погледнете како би изгледале крајбрежјата во светот.

Мапите подолу го покажуваат светот каков што е сега, но со една разлика: сиот мраз на земјата е стопен и прелеан во морето, покачувајќи го нивото за 65 метри, создавајќи нови крајбрежја на нашите континенти и заливите.

Постојат повеќе од шест милиони кубни километри мраз на Земјата, а некои научници велат дека ќе бидат потребни повеќе од 5.000 години сето тоа да се стопи. Ако продолжиме со додавање на јаглерод во атмосферата, многу е веројатно да создадеме планета без мраз, со просечна температура од можеби 26 степени Целзиусови, наместо сегашните 15.

Северна Америка

North America

Целиот Атлантски брег ќе исчезне, заедно со Флорида и Мексиканскиот Залив. Во Калифорнија, ридовите во Сан Франциско ќе станат кластер на острови, а Централната долина гигантски залив. Калифорнискиот залив ќе се протега на север во ширина кон Сан Диего.

Јужна Америка

South America

Басенот на Амазон во северниот дел и басенот на реката Парагвај на јужниот дел ќе станат еден Атлантски залив, со што ќе се збрише Буенос Аирес, крајбрежниот дел на Уругвај, и поголем дел од Парагвај. Планинските делови ќе преживеат заедно со Карибскиот брег и Централна Америка.

Африка

Africa

Во споредба со другите континенти, Африка ќе изгуби помалку од својата површина од крајната катастрофа од подигањето на нивото на морето, но зголемувањето на температурата може да ја направи многу непогодна за живеење. Александрија и Каиро во Египет ќе бидат поплавени од Медитеранот.

Европа

Europe

Лондон? Во спомените. Венеција? Потопена од Јадранското море. Илјадници години од сега, во ова катастрофално сценарио, Холандија ќе се предаде на морето, а исто така и поголем дел од Данска. Во меѓувреме, ќе се создаде проширување на водите на Медитеранот, а исто така ќе има пораст на Црното и Каспиското Море.

Азија

Asia

Земјиштето кое е сега населено од 600 милиони Кинези ќе се поплави, исто така и Бангладеш, со население од 160 милиони жители, а и голем дел од крајбрежните делови на Индија. Во поплавите од делтата на Меконг, Кардомските планини во Камбоџа ќе бидат заглавени како остров.

Австралија

Australia

Претежно пустински, континентот ќе добие ново внатрешно море, но ќе изгуби многу од тесниот крајбрежен појас каде што сега живеат четири од пет Австралијци.

Антарктик

Antartica

Источен Антарктик: мразот на источниот Антарктик е толку голем што содржи четири петтини од сиот мраз на Земјата, се чини дека изгледа нестоплив. Непроменет ги преживеа претходните топли периоди. Во последно време се чини дека има мало задебелување поради глобалното затоплување. Потоплата атмосфера има повеќе водена пареа, што паѓа како снег на истокот на Антарктикот. Но, овој монструм има веројатност дека ќе преживее враќање кон еоцен клима.

Западен Антарктик: Како мразот на Гренланд, на Западен Антарктик очигледно беше многу помал за време на претходните топли периоди. Тој е ранлив, бидејќи поголемиот дел од него седи на површина која е под морското ниво. Со затоплување на океаните се топи пловечкиот мраз од долу, предизвикувајќи тој да пропадне. Од 1992 година тој има просек од нето загуба од 65 милиони метрички тони мраз годишно.