Многумина тврдат дека Ојмјакон е настуденото место на Земјата. Се работи за село кое е сместено во близина на Јакутск во источниот дел на Сибир. Во текот на зимата денот трае само три часа, а температурите се спуштаат до -50 степени Целзиусови.

Најниската температура е измерена во февруари 1933 година и изнесувала -71,2 степени Целзиусови. Тоа е бројот кој ќе го видите напишан на бројните сувенири во Ојмјакон. Иако таа температура никогаш веќе не е измерена, зимите овде се прилично остри. На пример, во јануари е сосема нормално термометарот да покажува -50 степени Целзиусови.

Ојмјакон

Некогаш Ојмјакон било место на кое сточарите застанувале да ги напојат ирвасите во обилните термални извори кои никогаш не смрзнуваат, но денес ова е дом на 500 жители. Животот во зимските месеци не е лесен, но жителите се прилагодиле на екстремните услови.

Земјата е постојано замрзната во текот на целата година и речиси ништо не успева, така што жителите се хранат воглавно со риба, ирваси и коњско месо и млечни производи. Истотака, во шумите собираат диви бобинки, кои ги мешаат со замрзнатото млеко за да добијат ојмјаковски специјалитет како сладоледот kyorchekh.

Ојмјакон

Тука не ви се доволни само еден пар ракавици или еден капут. Жителите се облекуваат во повеќе слоеви, а излегуваат од дома само кога мораат. Не е чудно што неможат да се запалат моторите од автомобилите во вакви услови, ниту што авионите неможат да полетаат.

Чистиот воздух и домашната храна без индустриско процесирање допринесува луѓето да бидат здрави, кои во просек долго живеат. На студенилото навикнале дури и кучињата, а сибирските хаски наводно можат да спијат на отворено на температури и до -50 степени Целзиусови.

Ојмјакон

Ојмјакон

Ојмјакон

Ојмјакон

Ојмјакон

Ојмјакон