Кога ќе се спомене пустина сигурно прво на памет ви паѓа Сахара и нејзините песочни дини, Сонцето кое пржи и скриените оази. Но пред 11.000 години таа не била каква што е денес. Оваа пустина на северниот дел од Африка некогаш била зелена и полна со живот, имала езера, реки, пасишта, дури и шуми. Каде исчезнало сето ова?

Археологот Дејвид Рајт смета дека луѓето и нивните кози ја започнале оваа голема еколошка трансформација. Во студијата во списанието „Frontiers in Earth Science“ тој се занимава со прашањето кое со години им задава тешкотии на археолозите и палеоеколозите.

Сахара веќе долго време е подложна на промена на влажност и суша. Овие флуктации ги предизвикува нагибот на Земјината оска која влијае на аголот под кој сончевото зрачење продира низ атмосферата. Низ историјата на нашата планета, во одредени интервали, од Сонцето доаѓа повеќе енергија во текот на сезоната на монсуни во западна Африка и во текот на тој период на влажност паѓа повеќе дожд на северната територија на континентот.

Sahara

Општо познато е дека со зголемувањето на врнежите, подрачјето позеленува и има повеќе реки и езера. Но во периодот од пред 8000 и 4500 години, нешто чудно се случило, преминот од влажен во сушен период се случил многу побрзо што неможе да се објасни само со орбитска процесија. Тоа довело до настанувањето на пустината каква што е денес.

Додека Рајт внимателно ги истражувал археолошките и еколошките податоци забележал одреден шаблон. Таму каде археолошките податоци укажувале на присуство на пастир и неговите домашни животни очигледна е промената на видот и распространетоста на билките. Се претпоставува дека секој пат кога луѓето и нивните кози „скитале“ по пасиштата зад себе оставале пустош.

„Со прекумерно пасење ја намалувале атмосферската влажност бидејќи билките произведуваат влага која произведува облаци“, вели Рајт. Тој смета дека ова било причинител за крајот на влажниот период отколку орбиталните промени. Тие дамнешни номади веројатно користеле и оган за отстранување на вегетацијата што го забрзало процесот на претворање во пустина.

Sahara

Важно е да се напомене дека Сахара секако би се претворила во пустина, тврди Џесика Тирнеј, професорка по геолошки науки од универзитетот во Аризона. Таа смета дека не само луѓето имале толкаво влијание во трансформацијата од пасишта во пустина.

Наместо тоа, виновникот може да биде старата вегетација и промената на количината во земјен прав. „На почетокот настанале бавни промени во Земјината орбита што влијаело на намалувањето на монсуните во западна Африка“, вели Тирнеј. „И тогаш и промената од пустина во вегетација се забавила. А потоа во некој момент пресвртницата се забрзала“.

Тешко е да се одреди што променил овој систем бидејќи се е тесно поврзано. Дали климатските промени настанале покрај делувањето на луѓето или обратно? Тирнеј е заинтригирана со истражувањата на Рајт и смета дека таа тема треба да се истражи.

Sahara

„Потребно е да се избуши коритото на исушените езера во Сахара и да се испита поленот и семето што може да ни одгатне зошто темпото на климатските промени до крајот на афричкиот влажен период не резултира со орбитните временски скали и е неправилен шиурм северна Африка“, смета таа.

Едно е сигурно: човечкиот род има најголемно влијание на целиот еколошки изглед на Земјата и некои промени можат да бидат добри за нас, а некои претставуваат сериозна закана за долгорочниот опстанок на оваа планета.