Приколка за велосипед или подобро кажано камп приколка за велосипед. Многу практична и корисна работа за сите велосипедисти кои уживаат во возењето на долги патеки и кампувања.

Приколката првично е замислена како камп приколка, а на неа лесно со само неколку потези се поставува шатор. Спиењето во оваа приколка претставува вистинска предност во однос на класичното кампување.

Пред се, одвоени сте од земја, со што вашиот престој во шатор е потопол и поудобен, а истотака сте заштитени од влага. Покрај тоа, висината е одлична за заштита од разни бубачки и инсекти кои се наоѓаат на земјата.

Секако покрај оваа основна функција, приколката има и 120 литри простор за останати работи потребни за кампување и долго возење.

Camper Trail

Целата приколка е прекриена со водоодпорен слој што е голема предност во однос на другите слични приколки за велосипед.

Приколката е идеална работа и се препорачува на сите кои сакаат ваков вид на авантура. Единствена мана, или подобро речено препрека која може да ве спречи да ја набавите е секако цената од 400 евра, но таа е оправдана од квалитетот на материјалот и можностите на самата приколка.