Нивото на водата на Викториините водопади, меѓу локалното население познати како Мози-Оа Туња („Чадот кој грми“) оваа сушна сезона се спушти до неверојатно поточе. Ова се должи на влијанието на климатските промени и сушата предизвикана од нив, која го уништува регионот. Ова претставува закана за егзистенцијата на локалните земјоделци и може да и наштети на туристичката индустрија во Зимбабве и Замбија.

Victoria Falls

Викториините водопади се едно од Седумте светски природни чуда и назначени се за светско наследство на УНЕСКО, опишани како „најголемата водна завеса која паѓа“. Тие се голема туристичка атракција за Замбија и Зимбабве, и двете држави се во постојана трка кој ќе привлече повеќе туристи.

Историските водопади се протегаат на еден километар преку границата со пад на водата од околу 110 метри. Тие се именувани во чест на британската кралица Викторија од шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон во 1855 година, кој ги опишува како една од најубавите глетки на кои тој бил сведок.

Victoria Falls

Во 2017 година, Викториините водопади беа трети најпосетувани водопади во светот со 500.000 посетители, по падот на Нијагара во САД и Игуазу водопадите во Бразил.

Зимбабве, државата која доживува еден од најлошите економски падови во својата понова историја, веќе ги доживува ефектите од падот на туристите. Во првата половина од годината, туристичките посети се намалија за 3% во однос на истиот период во 2018 година.

Victoria Falls

Портпаролот на една туристичка агенција во Зимбабве изјави дека досега нема никакво влијание врз туристичките посети и проблемот го опиша како претежно сезонски: „Протокот на водата варира низ целата година, највисоко ниво е од април до јуни, а најниско од октомври до декември. Приливот на вода е под влијание на дождовите во сливот на реката Замбези во северозападна Замбија, Ангола и ДР Конго“.

Victoria Falls

Ќе исчезне ли еден од највпечатливите водопади од нашето време, каква е неговата судбина и дали можеме да се избориме со климатските промени? Прашањето останува отворено.