Неодамнешни студии кои доаѓаат од Далечниот исток покажуваат колку свежиот воздух е навистина здрав и колку влијае на здравјето на човекот за разлика од оној кој го дишеме во градските средини.

Во затворени простории, воздухот брзо губи кислород. Кога седите на стол дишењето е плитко и површно. Тоа резултира со замор и недостаток на концентрација.

Вежбањето на свеж воздух, од друга страна, доведува до длабоко дишење. Тогаш се зема повеќе кислород и се исфрла останатиот воздух од градите. Како резултат добиваме повеќе енергија и подобро расположение.

Корејските лекари истражуваа колку свежиот воздух е навистина поздрав од загадениот.

Fresh air

Тие пратија 43 постари жени на едночасовна прошетка во шума, а други 19 на прошетка низ град. Резултатите покажаа дека крвниот притисок кај оние кои шетале низ шума е значително намален, а еластичноста на нивните артерии е подобрена. Наспроти тоа, кај жените кои шетале во урбани средини тоа не беше случај.

Друга студија спроведена во Јапонија покажа дека шетањето низ шума го намалува крвниот притисок и бројот на отчукувањеа на срцето, како и хормоните на стрес.

Покрај тоа, Јапонскиот медицински факултет во Токио откри дека шетањето низ шума ги активира природните ќелии убијци, компоненти на имуниот систем кој се бори против ракот.