Вторник на 28 февруари 2017 година во Кино Фросина по низа перипетии и одложувања, пред самиот крај на светската REEL ROCK филмска турнеја, сепак и Скопје ќе успее да ги погледне најголемите светски качувачки достигнувања на големото платно! Тоа значи дека по трети пат Скопје ќе биде сведок на најголемиот качувачки празник - REEL ROCK, документарниот серијал кој стигна до своето единаесетто издание, во чии рамки ќе биде претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација. Настанот како и секоја година ќе биде збогатен и со локална програма која преку видеа ќе се осврне на нашите највозбудливи качувачки подвизи. Подгответе се за овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам! Цени на карти по 150 денари на билетарата на МКЦ.

REEL ROCK 11 ПРОГРАМА:

  • Илина Арсова: искачување на Денали [ВИДЕО]
  • Прва македонска женска хималајска експедиција [ВИДЕО]
  • REEL ROCK 11

Филмовите во рaмките на REEL ROCK 11 се:

НОВИ ДЕЧКИ
30 мин.
Главни ликови: Ашима Шираиши и Каи Лајтнер
Споредни ликови/гласови: Крис Шарма, Меган Мартин, Робин Ербесфилд-Рабоуту.
Запознајте ги новите фаци на качувањето: 15 годишната Ашима Шираиши и 16 годишниот Каи Лајтнер, лидери на новата генерација, кои веќе го носат спортот на следното ниво. Ашима, која жиеве во Њу Јорк, е најмладата личност и првата жена која искачи 5.15a . Каи, кој доаѓа од Фајатевил, Северна Каролина, стана национален шампион во качување уште во средно училиште. НОВИ ДЕЧКИ ги следи овие двајца пријатели и чудо од деца за време на нивниот летен одмор во Норвешка, каде легендарната пештера Флатанџер, ги става на тест нивните вештини и ги принудува да излезат надвор од комфорт зоната. За крај, Ашима патува за Јапонија да направи историски подвиг и да постави нов стандард на Хорајзонс, жесток болдер проблем со 30 движења, на работ на оцена V15.

МОМЦИ ВО ВРЕЌИ
20 мин.
Главни ликови: Мет Сегал, Вил Станхоуп
Споредни ликови/гласови: Седар Рајт
Мет Сегал и Вил Станхоуп се елитни качувачи по пукнатини и смотковци од светска класа. Во ера на елитни спортисти, модерни диети и строги режими за тренинг, олдскул пристапот на Мет и Вил се состои од напорни обиди, доста забава и лекување на болката со неколку ладни… Предизвикот се појавува кога прават обид на зезнатата мулти-пич 5.14 пукнатина која се издига над глечер во Канадската дивина на планината Бугабу. Придружете се на нивниот ролеркостер од смеа и солзи за време на епската, неколкугодишна потрага, да се постави најсилниот кандидат за најтешкото традиционално алпинистичко искачување.

БРЕТ
12 мин.
Главни ликови: Берт Харингтон
Споредни ликови/гласови: Марк-Андре Леклер
Проследете го надоаѓачкиот талент Брет Харингтон, низ нејзиното глобалното патување од гранитот во својот роден град Сквамиш, преку пологонот за докажување – големиот ѕид на Ел Капитен во Јосемити, па се до крајната дестинација, нејзиното познато фри соло на шпицот Сент Егзипери во Патагонија.

ОДЛИЧЕН ТАТКО
12 мин.
Главни ликови: Мајк Либецки
Споредни ликови/гласови: Енџи Пајн, Џонатан Тесенга, Кори Ричард, Даглас Мекдоналд
Осамениот волк Мајк Либецки има реализирано повеќе од 50 експедиции со својот појас, патувајќи најчесто сам, до најоддалечените делови на светот да пронајде неискачени ѕидови и да воспостави први искачувања. Кога Мајк стана татко, доби нов предизвик: да го усогласи својот авантуристички живот со барањата на родителството. Во тој процес, тој може да добие и нов партнер за своите експедиции.

DODO’S DELIGHT
30 мин.
Главни ликови: Шон Виланова Одрискол, Нико Фавресе, Капетан Боб Шептон
Споредни ликови/гласови: Оливер Фавресе, Бен Дито
Спакувајте ги инструемнтите и развиорете ги едрата за една луда едречка авантура низ Арктичкиот круг со бродот Dodo’s Delight. Придружете се на Шон Виланова Одрискол, Бен Дито, браќата Нико и Оливер Фавресе, и нивниот 79 годишен капетан, почитуваниот Боб Шептон, кога бандата тргнува на рокачко музичко патување на отворено море, смрзнувачки темпеартури и неискачени големи стени. Telluride Mountainfilm кој на Dodo’s Delight му ја додели престижната награда „Charlie Fowler“, го нарече филмот „олицетворение на авантурата“.

Повеќе информации и новости на REEL ROCK Macedonia