Како што доаѓаат топлите денови, многумина размислуваат за бегство од урбаната средина и секојдневието, па зошто да не размислите и за road-trip?

Со луѓето што ве опкружуваат да ги прошетате патиштата, кои ви нудат многу можности. Доколку сте љубител на авантури, и уживате во долги патувања, еве неколку совети што да понесете и како да го испланирате вашиот road-trip.

1. Изберете пријатели

Најважната работа во планирањето на road trip е кого ќе изберете да се вози со вас во автомобилот. Запомнете дека со овие луѓе ќе бидете заглавени 24 часа се до крајот на вашето патување, така што одберете ги луѓето внимателно.

Генерално придружниците треба да имаат добри особини на пример со добра смисла за хумор, и на кои не би им пречело кога плановите би се промениле и да можат да се возат без страв дека некому би му го загрозиле животот.

Road Trip

2. Буџет

Откако го наполнивте автомобилот, следна работа е колку пари секој би сакал да потроши на ова патување. Буџетот ќе влијае на дистанцата која сакате да ја поминете, каков вид сместување сакате и опциите за оброци додека сте на пат.

3. Одберете дестинација

Откако одлучивте за буџетот и временската рамка за вашиот road trip, почнете со планирање на вашата маршута. Направете план на места кои би ги посетиле и секој во автомобилот што би сакал да ги види. Откако сите дадоа места кои би сакале да ги посетат, испланирајте како би се движеле по патиштата.

Road Trip

4. Подгответе го автомобилот

Ако за овој road trip автомобилот го поседувате вие, најмалку една недела пред патувањето најдобро е да ги извршите сите проверки на возилото, за да не ви се случат дефекти на пат.

Дури ако сте одлучиле да изнајмите автомобил, важно е да добиете информации во каква состојба е возилото и дали е проверено.

5. Направете плеј листа

И на крај откако подготвивте се, направете заедничка музичка плеј листа, секој од тимот нека ги избере своите омилени песни, кои би ги вртеле за време на вашето патешествие.