Нема кампер кој не се сретнал со проблеми како влажен, нерамен или кос терен.

Револуционерниот дизајн на „лебдечки“ шатори го пружа решението за овие проблеми и овозможува поголема заштита од инсекти и животни.

Tenstile Tent

Дизајнерите Алекс Ширли-Смит и Кирк Кирчев ги смислија „Tentsile“ шаторите - најлесни, најмали и најпрактични шатори од овој вид.

Овие преносливи „куќи на дрво“ се поставуваат како мрежа за спиење помеѓу стеблата на дрвјата, а нудат удобност на простран шатор за три лица.

За разлика од стандардните шатори, поставувањето е исклучително едноставно. За неколку минути, две потпорни шипки се вовлекуваат во полиестерското платно кое се развлекува помеѓу три стебла и столб оддалечен не повеќе од шест метри.

Tenstile Tent

Во шаторот може да се влезе низ триаголнест отвор сместен на средишниот дел на подот на шаторот. Од една страна на шаторот се наоѓа и прозор интегриран во заштитната мрежа која може да послужи како влез.

Триаголнестата база на шаторот е дополнително појачана и поделена е на три трапезоидни зони за спиење.

Tenstile Tent

„Tentsile Tree Tents се замислени како куќички на дрво кои може да ги носите секаде. Нашите „шатори на дрво“ нудат неверојатен начин да го искустите новото ниво на слобода“, се наведува од компанијата. Компанијата е еколошки ориентирана, па за секој купен шатор засадува три дрва.