Мечтаете да посетите некоја дестинација, но не сте сигурни кога е најдобро време да одите токму таму?

Оваа нова мапа ќе ви овозможи да го изберете најсоодветниот момент за посета на секоја точка во светот.

За да ја најдете својата совршена дестинација, просто треба да ја изберете просечната температура и количеството на врнежи. Потоа избирате недела од годината и мапата ќе утврди кое е најсоодветно место според вашите критериуми.

Оваа нова можност е создадена од Рајан Витакер. Самиот тој води доста номадски начин на живот и често е изненаден од временските услови. За да се создаде мапата му биле потребни метеоролошките податоци десет години наназад од повеќе од 10,000 метеоролошки станици од целиот свет.

Благодарение на неговите напори, сега корисниците можат да ја откријат просечната температура и врнежи за избраната дестинација за одредена седмица. Тој развил и мапа во Целзиусови степени специјално за Европејците.

Мапата се уште има некои ограничувања. Рајан предупредува количеството на дождови и снежни врнежи не се следат постојано надвор од Северна Америка и Европа. Сепак шармот на патувањето е и во непредвидливоста, па нема лошо и малку да потпрашате.