Секоја нова ерупција на овие 5 вулкани може да доведе до последици од високи размери.

Во 1902 година се случи огромна ерупција на вулканот Мон Пеле во која целосно беше уништен градот Сен Пјер и настрадаа 30.000 луѓе. Во продолжение следат 5те најсмортоносни вулкани во светот и опасноста која ја носат.

Кракатау (Индонезија)

Krakatau

Една од најголемите катастрофи се случила во 1883 година кога Кракатау разнесе силна вулканска ерупција, но 50 години подоцна на тоа место се најде нов остров Анак Кракатау кој во 1920те години непрекинато расте и се шири. Поголема вулканска активност е забележана во 2007 година и оттогаш периодично се појавуваат, а последната се случи во март 2017 година.

Никој не знае дали големата катастрофа ќе биде повторена еден ден, но локацијата помеѓу двата најпопуларни индонезиски острови Јава и Суматра, секако би претставувала сериозна закана за животот доколку навистина се случи.

Њирагонго (Демократска Република Конго)

Nyiragongo

Овој вулкан во централна Африка неколку пати еруптирал во последните неколку децении и додека неговите ерупции не се посебно екслозивни, Њирангонго произведува посебен вид на опасна лава.

Еднаш штом се излие, лавата брзо се спушта долу по страните од вулканот поплавувајќи ги подрачјата без никакво предупредување.

Везув (Италија)

Vesuvius

Вулканот Везув е познат уште од 79 година кога целосно ги уништил градовите Помпеја и Херкуланеум. Овој вулкан и понатаму претставува опасност за Наполи и неговата околина во која живеат три милиони луѓе.

Препознатлив е по посебно интензивниот облик на ерупција, која исфрла огромна количина на гас и пепел во стратосферата, далеку од просторот каде вообичено летаат авионите.

Чангбаишан (Кина)

Changbaishan

Една од најголемите ерупции некогаш кои се случиле се во 969 година, исфрлајќи многу повеќе лава отколку што тоа го направил Кракатау подоцна во 1883 година.

Најголемата опасност претставува големото кратерско езеро на врвот на планината чија ерупција може да претставува значителна опасност за 100 000 луѓе кои живеат во околината.

Иако последната ерупција се случи во 1903 година, научниците од 2000 година ја следат активноста на вулканот и открија дека активноста се зголемува што би можело да доведе до ерупција во наредните децении.

Отежнувачка околност претставува локацијата на овој вулкан на границата меѓу Кина и Северна Кореја, бидејќи ефектите од било која вулканска активност тешко можат да бидат санирани.

Попокатепетл (Мексико)

Popocatepetl

Попокатепетл или Ел Попо се наоѓа на 70 километри југозападно од Мексико Сити, еден од најголемите градови на светот.

Овој вулкан е многу активен. Неколку пати низ историјата ерупциите на Попокатепетл ги следи и облак со пепел кој ја обвива планината што кога ќе се измеша со вода создава густа маса која може да тече со километри и тоа со голема брзина. Таквите феномени се нарекуваат lahar (лава) и можат да бидат смртоносни.