Швајцарската технологија достигнува нови врвови и ја отвора најстрмната жичара на светот.

Швајцарската претседателка Дорис Лојтард службено ќе ја отвори 52 милиони швајцарски франци вредната жичара која оди од Швиц до планинското село Стуса на 1300 метри, во средишниот дел од земјата.

Кабините на жичарата имаат облик на буриња кои се прилагодуваат на нагибот бидејќи на некои места е речиси вертикален. Патниците така цело време можат да стојат исправено.

Жичарата која за јавноста ќе биде пуштена во употреба во недела ќе качува со брзина од 10 метри во секунда.

„После 14 години планирање и изградба, сите сме многу горди на оваа жичара“, рече Иван Штајнер, портпарол на швајцарската железница.