Австралискиот остров Тасманија е вистински рај на земјата по богатството со животински и растителен свет и погледите кои го одземаат здивот.

Меѓу сите нејзини убавини, се издвојува еден не толку чест природен феномен. Цутењето на динофлагелатот, или огнените алги (лат. Noctiluca scintillans), од неодамна го зафати крајбрежниот дел од заливот Презервешјн и Роки Кејп.

Underwater lights

Овие мали плактони, во текот на цутењето, ја претвораат водата во сјајни сини неонски светла.

Светлинските низи на сини и зелени нијанси изгледаат како некоја посебна подводна магија. Ефектот се јавува кога водата е немирна, така што планктоните со светењето реагираат во самоодбрана.

Феноменот понекогаш се јавува и кога водата е мирна и топла, со што локалното население го смета како предупредување дека климатските промени наголемо започнале.