Огромен леден брег со маса од илјада милијарди тони, еден од најголемите некогаш видени, се откина од Антартикот, соопштија денес истражувачите од британскиот универзитет Свонси.

„Формацијата се случила помеѓу понеделникот и средата“, наведуваат научниците кои следат што се случува со овие огромни блокови од мраз.

Откинатиот леден брег има површина од околу 6000 квадратни километри.

Ледениот брег се откина од ледениот гребен Larsen C, и со ова одвојување, според научниците, променет е обликот на антартичкиот полуостров.