Фотографот Зак Нојл видел многу ѓубре во морето, но го шокирало нешто што го открил на задача на едно оддалечено место од брегот на Јава.

Додека во 2012 година го снимал индонезискиот сурфер Деде Суријан, Нојл сфатил дека буквално плива во море со ѓубре.

„Беше поразувачки“, се присетува. „Навистина помислив дека ќе видиме и мртво тело во таа вода“.

Секоја година во океанот се дослеваат околу осум милиони тони пластика. Тој податок се заснова на еден извештај од 2015 година во кој истотака е утврдено од каде потекнува главнината на тоа ѓубре. На врвот на листата се Кина, Филипини и Индонезија.

Surfer Ocean

Примероците на вода полна со ѓубре се вообичаени - и тоа не само во југоисточна Азија, вели морскиот биолог Николас Малос, кој ја води „Програмата на ослободување на морските води од ѓубре“ при организацијата Ocean Conservancy.

„Ѓубре како ова претставува навистина жалосна слика“, вели тој, особено во деловите од светот кои се во развој, каде долж брегот се бележи раст на популацијата од средна класа и зголемена потрошувачка, но не е регулирано исфрлањето на ѓубре. Иако ѓубрето станува глобален проблем, Малос гледа надеж.

Во САД, на пример, гласачите на Калифорнија во 2016 година ја поддржаа државната забрана за користење на пластични ќеси. А во Индонезија, вели тој, доаѓа до промена на свеста „гледаме една желна група на учесници кои пробуваат да ги истапат и соочат овие проблеми“, со други зборови, плимата можеби се повлекува.