Климатските промени и загаденоста го истиснуваат кислородот од океаните, што претставува штета за опстанокот на бројни видови риби, заклучуваат научниците од Меѓународното здружение за заштита на природата во склоп на досега најголемото истражување од овој вид.

Иако загадувањето на океаните и морињата како и за намалените хранливи материи се знае веќе со децении, истражувачите велат дека климатските промени ја загрозуваат состојбата кога е во прашање недостатокот на кислород.

Во споредба со 60-тите години од минатиот век недостатокот на кислород е забележан на 45 океански локации, а денес истиот проблем е воочен на дури 700 места.

Стручњаците велат дека ваквата состојба исклучително е штетна за одредени видови риби како туната, морскиот пес и еден вид на сабјарки.

Од претходно е познато и дека одредени хемикалии, покрај азотот и фосфорот од фармите и индурстриските погони влијаат на количината на кислород, што сеуште е примарен фактор, особено во подрачјата близу крајбрежјето.

Ocean Pollution

Меѓутоа, последниве години оваа опасност се зголемува со климатските промени.

Со емитување на поголема количина на јаглерод диоксид и ефектот на стаклена градина, океаните ја апсорбираат зголемената топлина. Ваквата потопла морска вода содржи помалку кислород, истакнуваат научниците.

Дури и мали промени во атмосферата можат значително да влијаат на животот во морињата и океаните.

Во водите со намален кислород подобро би преживеале микробите и медузите. Водата која содржи мал процент на кислород им одговара, но не им одговара на брзите риби, како сабјарките или крупните риби како туната.

Стручњаците истакнуваат дека поголемите и брзите риби имаат и поголеми енергетски потреби.

И порано ни беше познат феноменот на намалување на количината на кислород во морињата и океаните, но сега прв пат го поврзуваме со климатските промени, рече Мина Апес од Меѓународното здружение за заштита на природата.

Ocean Pollution

„Ова можеби е последен повик на будење од неконтролираниот човечки експеримент бидејќи емисијата на јаглерод диоксид и понатаму се зголемува“, рече еден од авторите на истражувањето Сен Лафолеј, потсетувајќи дека намалувањето на количината на кислород во океаните влијае на глобалното затоплување и загаденоста во океаните и морињата со метеријали кои настануваат како последица од хемикалиите во фармите и индустриските погони.

Исчезнувањето на кислородот во оеканите штети и на морските екосистеми кои веќе се загрозени поради загревањето и закиселувањето на океаните, вели Лафолеј.

Балтичкото и Црното море се најголеми затворени морски екосистеми со низок удел на кислород. Иако за ова во Црното море заслужни се природните причини, во Балтичкото море главна причина е намаленото користење на ѓубриво и климатските промени.

Ако државите продолжат со вообичаениот пристап на емисии на стаклена градина, светските океани до 2100 година би можеле да останат со намален кислород од три до четири проценти.