Производителот на спортска опрема La Sportiva од Италија го повлече шлемот Mulaz (продуктот број 66V) откако белгиската владина агенција Economie, со тест утврдила дека не го исполнува стандардот 2492: 2012 (заштита од механички удари). La Sportiva ги замолува сите корисници кои го купиле шлемот Mulaz да го вратат во најблиската продавница со доказ за купувањето.

Decathlon го повлече од продажба карабинерот со матица Rocky, од производителот Simond од Франција, поради проблем со затворањето на матицата на карабинерот. Продуктот е со број 1760147 / 1759997 и референци на продуктот 8292246 / 8292181. Декатлон замолува да не се користи карабинерот.

Simond Rocky

Производителот на опрема Mammut од Швајцарија ги повлече лавинските ранци со балон Mammut Airbag 3.0, поради проблеми со прикачувањето на ранецот.

Mammut Airbag 3.0

Производителот на опрема Ocun од Република Чешка го повлече сетот Via Ferrata Torq 2.

Via Ferrata Torq 2

Производителот на опрема Rock Empire од Република Чешка го повлече сетот DYNAMAX Via Ferrata.

DYNAMAX Via Ferrata