Познатата карпа позната под името „Азурен прозор на Малта“ се сруши во морето после силните ветрови кои ја погодија оваа земја во вторникот.

Премиерот на државата, Џозеф Мускат, за тамошните медиуми рече дека тоа е многу тажен момент.

Истражувањата од 2013 година покажале дека ерозијата е неизбежна и дека структурата е во опасност од целосен колапс.

Популарниот варовнички лак истотака се појавуваше во популарната серија „Игра на тронови“ во текот на првата сезона.

Azure Window

Службените лица од Малта ги предупредувале луѓето да не одат по лакот, меѓутоа нивните предупредувања често биле игнорирани.

Силните ветрови ја погодија Малта во вторникот, што доведе до разбранување на морето и на крај рушење на преубавиот „азурен прозор“.

Лакот беше една од најпознатите туристички локации на Малта, каде туристите се фотографирале и од него скокале во морето.