Британецот Брајсон Вилијам Вердун Хејс, ветеран од Втората светска војна и учесник во отфрлувањето на сојузните сили во Нормадија, вчера скокна со падобран на 101 година од животот и стана најстарата личност на светот што го стори тоа.

Заедно со него скокнаа и неговиот син, внукот, правнукот и правнуката.

Воениот ветеран чиј 101ви роденден беше пред 38 дена, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност која скокнала со падобран. Пред него беше Арманд Гендро од Канада, кој имаше 101 одина и три дена когa скокна со падобран во 2013 година.

Verdun Hayes

Хејс изјави дека сакал да се проба во падобранството кога имал 90 години, но од неговата идеја го одвраќаше неговата покојна жена. Прв пат скокна минатата година кога имаше 100 години.

Служеше во британската војска во Втората светска војна и награден е од француската Легија на честа за храброст.