Многумина се спремни да одвојат големи количини на пари за да ја достигнат својaтa екстентрична цел.

Дали планирате да скокнете од врвот на Емпаер Стејт Билдинг или да нуркате низ мистичните подводни јами, овие уникатни искуства нема да остават белег само на вашите спомени и доживувања, туку и на паричникот. Баш од таа причина, денес ви претставуваме 10 најскапи екстремни спортови и искуства.

10. Банџи џампинг - $150 - $420

Bungee

Цената на еден банџи скок зависи од локацијата, но обично е околу 150 до 420 долари, кога зборуваме за оние екстремни локации.
Доколку никогаш не сте виделе како изгледа еден скок, тоа изгледа вака: се врзувате за долго еластично јаже, и скокате од доста високи места, како мостови, згради или кранови, кое ви пружа големо возбудување и интересно доживување.

9. Хеликоптерско скијање - $800 - $1200

Heli-skiing

Сигурно нема да скијате со хеликоптерот, туку тој ќе ве одведе до некои најоддалечени места и делови на планините до кои на друг начин не може да се дојде, што додатно го зголемува возбудувањето на активноста од овој вид. Дури и доколку ги поделите трошковите за хеликоптерот со неколку луѓе, ќе ве чини околу 1000 долари, во зависност од компанијата која ја ангажирате и локацијата до која одите. Иако летањето со хеликоптер не е нешто посебно возбудливо, планинските предели до кои ќе ве доведе воглавно се неистражени и многу строги, така што акции од овој вид не се препорачуваат за почетници.

8. Рафтинг - $200 - $1400

Rufting

Рафтингот е рекреација која може да стане екстремен спорт доколку посетите доволно предизвикувачка река, која содржи непредвидливи водопади и потоци. Постојат различни степени на тешки реки, а можете да се спуштате по т.н. бели реки, кои се најпредизвикувачки и со самото тоа највозбудливи. Постои дури и интернационална Рафтинг Федерација која го надгледува овој спорт и ги категоризира реките на скала од еден до шест, при што реките од класа шест се најтешки, и често доведуваат до незгоди, доколку ги посетуваат луѓе кои не се многу вешти. Овој спорт стана популарен во текот на седумдесетите, а поради сите безбедносни мерки и опрема, може да ве чини и до 1500 долари.

7. BASE џампинг - $2000

Base Jumping

Називот на овој спорт B.A.S.E. потекнува од четири категории на фиксни објекти од кои може да скокнете - згради (Building), антена, превој или карпа (Earth). Многу луѓе овој спорт го мешаат со skydiving-от, но поради ниската висина на скокови, тој е доста поопасен од skydiving-от и e забранет и нелегален во некои земји. Овој спорт стана доста популарен откако се појави во неколку акциони филмови. Во 1984 година, Карл Боениш го најправи највисокиот BASE скок од Тролвеген во Норвешка, но подоцна го престигнаа Глен Синглман и Хедер Свон, кои скокнаа од Мера Пик во Индија на висина од 6604 метри. Доколку сакате да се впуштите во оваа авантура, мора да купите специјална опрема, која ќе ве чини до 2000 долари.

6. Алпинизам - $600 за опрема, до $2000 за патни трошкови

Alpinism

Луѓето се качувале на карпи од дамнешни времиња, но во денешно време работите се доста променети. Денес, алпинизмот се смета за еден од најскапите екстремни спортови, поради големите инвестиции во самата опрема. Чевли, јажиња, шлемови и др. може да ве чини и до 600 долари, а патувањето до далечните и интересни локации за оваа акција може да ве чини и до 2000 долари.

5. Skydiving - $5000 за опрема, $200-$400 за скок

Skydiving

Овој спорт е познат и како скокање со падобран, skydiving-от е активност која прв пат се појави во 1919 година кога Андре Жак-Гарнерин и Лесли Ирвин скокале со помош на куполи од платна и мала кора под балон со врел воздух. Многу се мали шансите да се повредите или настрадате во текот на оваа активност, а и обуката и упатставата се сосема доволно јасни. Единствено што може да влијае на вас се временските услови. Опремата за оваа активност никако не е ефтина и може да ве чини и до 5000 долари, додека летот и самиот скок може да ве чини до 400 долари, во зависност од висината од која сакате да скокнете.

4. Wingsuit летање - $1500 за костум, $2000-$5000 за падобран

Wingsuit

Костумот кој буквално ви дава можност да летате низ воздухот, прв пат се појави кон крајот на деведесетите години, додека овој спорт се појави доста скоро. Костумите кои поинаку се нарекуваат птичји или верверичка костуми се доста посебни и ви даваат можност да лебдите во воздух некое време, но истотака ви е потребен и специјален падобран за безбедно призмејување. Wingsuit летањето во комбинација со BASE џампингот е комбинација која станува се попопуларна ширум светот. Само костумот ќе ве чини околу 1500 долари, додека падобранот би чинел негде околу 5000 долари. Притоа, не заборавајте на патните трошоци или летање со авион.

3. Skysurfing - преку $6000 за опрема, $200 - $400 за скок

Skysurfing

Доколку сакате сурфање, би требало да знаете дека тоа може да го правите и во воздух, доколку закачите даска за стапалата додека скокате со падобран. Даските за skysurfing не се големи како оние за сурфање на вода, а доста лесно се откачуваат, доколку дојде до некој проблем. Овој спорт го измисли Доминик Жакет и Жан-Паскал Орон во 1986 година, така што сакале да креираат пресврт во своите сесии на скокање со падобран. Спортот го популаризираше Пепси, кога се пуштаа рекламни спотови кои ја вклучуваа оваа активност, а се организираа и неколку натпревари. Популарноста на овој спорт од тогаш нагло опаѓа, бидејќи опасноста е многу голема. Цената на самата опрема е околу 6500 долари, а тука се и трошоци за превоз и самиот скок.

2. Нуркање низ подвнодните јами - $9000 плус патни трошкови

Diving

Поминувањето низ подводните јами звучи многу возбудливо, но тоа е и многу опасно поради можноста за декомпресија која може да доведе до болести и давење. Доколку сакате да се испробате во оваа активност, ќе мора да одите на професионални обуки, а самата опрема која ви е потребна чини околу 9000 долари. Кога сакате да се бавите со овој спорт, најдобрата опрема која постои ви е премногу потребна бидејќи е добредојдена како заштита од непредвидени ситуации, а тоа е само еден дел од целокупниот трошок. Морате да платите многу повеќе доколку сакате да дојдете до подводните јами, па на оваа цена додадете ги и авионските карти, сместувањето, возењето со брод и друго.

1. Планинарење на екстремни висини - $100.000

Mountaineering

На висини од преку 2500 метри над морското ниво, телото тешко се прилагодува на условите, а кога зборуваме за висини преку 8000 метри, постои и смртоносна висина на која не можете да се прилагодите. За тоа ви е потребна специјална опрема, која вклучува и боца со кислород, без која многу брзо доаѓа до гушење. Истражувањето на најекстремните делови на земјата секако звучат примамливо, но поради специјалната опрема (15 000 долари), боца со кислород (30 000 долари), превоз на опремата (10 000 долари) и услугите на водичите (30-40 000 долари), морате да платите околу 100 000 долари или повеќе, за да имате можност да се качите на највисоките врвови на нашата планета и ова секако е најскапиот екстремен спорт со кој може да се занимавате.