Осло, Лондон и Амстердам се водечките градови во светот кои се борат во намалувањето на емисиите на штетни гасови од градскиот превоз, покажува студијата на лондонскиот Центар за економски и работни истражувања (CEBR).

Европските градови завземаат осум од првите десет места во истражувањето спроведено во 35 светски големи градови.

„Осло ќе стане прв град во светот кој штетните емисии од градскиот превоз ќе ги спушти на нула“, се вели во извештајот на CEBR. Градските власти оваа цел ќе ја остварат до 2030 година.

Возовите, трамваите и автобусите во норвешката престолнина дури и сега воглавно возат на хидроелектрична енергија, а Норвешка има најголем процент на електрични автомобили во светот.

London

Второпласираниот Лондон „можеби според сите жители не е пример за 'зелен град', но се работи за метропола чиј граѓани најмногу го користат јавниот градски превоз и енергетски се меѓу најштедливите во светот“.

„Лондон неправедно се смета за замаглен, мрачен град“, вели Нина Скеро, научник од CEBR. Градот воедно планира да ја намали количината на гасови за 60 проценти до 2025 година.

Amsterdam

Амстердам е високо на листата бидејќи најмногу од сите други градови го промовира возењето велосипед.

На листата следат Копенхаген, Париз, Цирих, Токио, Берлин... На дното се Каиро, Наироби, Мумбаи и Истанбул.

„Најзелен“ град во САД е Сан Франциско, кој се наоѓа 14-ти на листата.