Вчера со проекција на филмот „Виа Динарика - Македонската авантура“ во кино Милениум започна 10-тото јубилејно издание на Фестивалот на планински филм - ЕХО.

Во овие 10 години беа прикажани повеќе од 350 филмови од автори од повеќе од 40 земји, 50 презентации и меѓународни гостувања, промоција на книги, изложби...

На програмата за оваа година предвидено е да се прикажат околу 45 филмови, 3 презентации, промоција на книгата „Слободата како уметност“, како и прогласување на победниците од конкурсот за најдобро кратко видео и најдобра планинска фотографија.

Како и секоја година влезот за фестивалот е бесплатен и се одржува во кино Фросина, и ќе трае до петок 1 ноември 2019 година.

Целосната програма за филмскиот планински фестивал може да ја погледнете овде.