На 23 мај оваа година, двајца климатски научници се искачија на врвот Монт Еверест каде инсталираа, со помош на шест шерпаси, мала метеоролошка станица на највисоката точка на планетата.

Проектирањето, изградбата и подигнувањето на двометарската станица на Еверест е фасцинантна приказна сама по себе.

National Geographic креираше онлајн виџет кој ќе ви овозможи следење, во реално време, на временските услови таму горе на покривот на светот.

На пример, температурата во моментов е -13 степени Целзиусови со брзина на ветер од 9 м/с. Може исто така да ја проверите временската прогноза на уште три други локации, од базниот камп до Јужното седло под Еверест. Интересно и забавно!