Кога се пензионираав на 65 години, купив билет во еден правец за Бангкок, го спакував ранецот и се поздравив со мојата фамилија. Немав никакви планови, само знаев дека сакам да патувам. Седум години подоцна, сеуште патувам низ светот.

Досега посетив 50 земји, од целосно недопрената земја Мјанмар до магичната фотогенична Чешка - далеку од мојот мајчин град Есекс.

Прегрнував слонови во Тајланд, славев Нова година со сопственикот на хотел и неговото семејство во Кина, јадев обилни локални специјалитети - било дали се тоа јајца од мравки во Камбоџа или змии во Тајван. Се додека не се пензионирав, никогаш не сонував дека ќе го оставам моето семејство за подолг одмор, не е важно, само неколку години.

Но, по 30 години водејќи фризерски салон и грижа за моите три деца (сега во нивните 40ти), како самостоен родител, конечно се почувствував слободна.

Geraldine Forster

Редовно сум во контакт со моето семејство на Фејсбук и WhatsApp, а и водам блог така што тие знаат што правам и каде сум. Престојувам во хостели (бидејќи се поевтини, а јас патувам со мојата пензија) и често блогирам за луѓето кои ги среќавам - така што може да добиете вистинска збрка.

Може да биде здодевно, особено кога луѓето се прибираат во 3 часот наутро или се одлучуваат да го препакираат нивниот багаж среде ноќ, но ми се допаѓа вибрацијата на таа заедница и научив да бидам со отворен ум.

Еднаш имав вечера со еден прекрасен шпански турист во Бангкок, кој се чинеше респектабилен, но потоа ми ја призна неговата пасија кон фетиш клубови. Мислев дека тоа е смешно и интересно за да го напишам на мојот блог - но мојот најмлад син ми се јави бесен.

Мојата осумгодишна внука ја прочитала таа статија. „Мајко!“ - извика, „Не можам да верувам дека пишуваш за порнографија. Мислев дека само се расшетуваш“. Навистина не го гледав тоа така - станав многу прифатлива кон некои нешта.

Geraldine Forster

Моето најопасно патување досега беше минатата година на турнејата на Кашмир во Јужна Азија. Планинскиот пејзаж е драматичен, исто како и на филмски сет, но тоа не е најбезбедното место поради тероризам.

Исто така бев малтретирана неколку пати од страна на неколку мажи - тоа е многу конзервативна муслиманска област, а јас како русокоса жена шетав таму. Висока сум само 155 цм, и се сметав себеси како прилично силна. Ако некој ми се заканува, му велам да ме остави сама, бидејќи сум подготвена да го треснам со мојот тежок фотоапарат, ако не го стори тоа.

Моето семејство копнее по мене да бидам нормална баба за моите четири внуци. Многу ги сакам, но тоа нема да се случи. Секој има право да ги оствари своите соништа - така што имам уште 101 место за посета, меѓу кои Аргентина, за да научам танго. Се надевам дека мојот внук, кој сега има 14 години, ќе ми се придружи кога ќе биде доволно возрасен.

Кога луѓето велат, „Не мислиш дека си малку стар за да го правиш ова?“, мојот одговор е секогаш ист: „Јас сум здрава и полна со енергија и не верувам дека некој треба да биде ограничен според возраста“.

Текст на Жералдин Фостер