Од каде ги црпат своите сили и изджливоста Шерпасите кои го пренесуваат најтешкиот товар на алпинистите за време на експедициите на Еверест?

Како жителите на планинските области во Непал се справуваат со преоптоварувањето и тоа на таква височина, со оскудни количини кислород?

Според последните истражувања Шерпасите имаат различна физиологија, која им овозможува да го користат кислородот многу поефикасно од луѓето кои живеат на морското ниво. Генетската мутација е причина за уникатниот метаболизам.

Карактеристики на крвта

Крвта на Шерпасите не е толку густа како на алпинистите. Таа содржи помалку хемоглобин и има ограничена способност да задржува кислород. Тоа ја олеснува циркулацијата на крв и не го оптоварува толку срцето.

Повеќе гликоза, помалку масти

Мускулното ткиво на Шерпасите може да го користи подобро кислородот, со што ја ограничуваат количината на масти, кои ја согоруваат и максимизираат потребата на гликоза.

Генетска мутација

Шерпасите произведуваат до 30% повеќе енергија од алпинистите, бидејќи нивната генетска варијација го менува начинот на кој горат мастите.

Густа мрежа од капилари

Шерпасите пристигнале во Непал пред 500 години од Тибет - област населена од луѓе уште од пред 6000 години. Ова време е доволно за воспоставување на поволен ген. Планинските луѓе имаат густа мрежа од капилари, следствено и подобра циркулација, затоа кислородот се придвижува полесно до ткивата.