Ви дошло крајно време да почнете да вежбате, но незнаете што? Дали во теретана, јога, пилатес, танци...?

Голема и разновидна е понудата, но која и да ја изберете, ќе имате термини за вежбање, ќе бидете во друштво на непознати лица, и секако, ќе мора да платите.

Трчањето можеби не ви причинува некое задоволство. Тогаш постои вежбање кое го спојува сето она што ви треба, и уште ќе ви заштеди пари, а тоа е возењето велосипед!

Со возење велосипед ги активирате сите мускули на телото, а можете да го возите кога сакате, кога одите на пазарење, на работа, попладневен одмор во природа...

Cycling

Во продолжение се неколку причини зошто треба да размислите за возење велосипед:

Губење килограми

Велосипедизмот е исклучително добра аеробна вежба која го зголемува трошењето калории.

Ја зголемува издржливоста

Велосипедизмот побарува многу сила и издржливост. Како помалку ја зголемувате должината и го совладувате возењето, вашата издржливост се зголемува.

Го зголемува капацитетот на градите

Возењето велоспиед ги тера вашите гради да работат повеќе и така се зголемува нивниот капацитет.

Добар е за колена

Велосипедизмот е најдобра вежба за колената. Ако редовно возите велосипед, нема да имате болки во зглобовите и ќе имате многу флексибилни колена.

Го обликува стомакот

Кога возите велосипед, често потклекнувате и се исправувате, во зависност од теренот. Освен тоа, на тој начин ја одржувате рамнотежата. Можеби не сте знаеле, но ова е идеална вежба за вашиот стомак.

Ги обликува нозете

Велосипедизмот е најдобра вежба за нозете, дури и подобра од потклекнувања. Велосипедизмот побарува многу напор од вашите мускули на нозете. Така ги тонирате и јакнете.

Здрав е за срцето

Кога возите велосипед, вие пумпате свежа крв во срцето, ја поттикнувате циркулацијата и срцето ви работи подобро.

Добар е против стрес

Кога вежбате на отворено, односно кога возите велосипед, се чувствувате слободно, дишете повеќе кислород и расположението ви се подобрува.

Штеди пари

Освен што е добра вежба, велосипедизмот е и начин на превоз. Така што, ако возите велосипед од дома до работното место и назад, може да заштедите.