Планината секогаш има со што да не изненади, затоа никогаш не тргнувајте на планина неподготвени. Сепак и на најдобрите планинари им се случува да заборават нешто важно од багажот. Што да направите ако се најдете без компас во планина?

Проверете ги овие 10 начини инспирирани од односот меѓу човекот и природата, кои ќе ви помогнат да се снајдете.

  1. Мовта по камењата и големите дрвја расте од север.
  2. Тревите по северните падини се поразвиени и се сушат порано.
  3. Ако на исечено стебло поминеме со права линија која минува низ средината на најтесните и најшироките кругови, тогаш спротивната страна на тесните кругови е север.
  4. Развиениот дел на крошната на поединечните дрвја е од јужната страна.
  5. Брезата е побела од јужната страна.
  6. Зимно време снежната покривка е потенка на јужните падини.
  7. Снежната покривка врз дрвјата и гранките, како и ледената кора се потенки од југ. Прво се топат од југ.
  8. Мравјалниците се поставуваат на југ од дрвјата или патеките.
  9. Смолата на дрвјата тече од јужната страна.
  10. Ѕвездата северница која е најсветлата ѕвезда од соѕвездието Мала мечка, го покажува секогаш правецот север.