Знаеме дека понекогаш, кога сме на пат, работите не се случуваат токму онака како што си ги претставуваме.

Еве неколку работи кои сигурно би сакале да ги избегнете.

1. Премногу багаж

Greski patuvanje

Знаеме дека е заводлива идејата да понесете со себе облека за секој можен повод, но тоа доста би го отежнало движењето. Освен тоа, патувањето со непотребно голем багаж може да доведе до повисоки такси, ако патувате со авион. Подобро промислете рационално за облеката и земете онолку колку навистина ќе облечете.

2. Проверка на роаминг услуги на вашиот мобилен телефон

Greski patuvanje

Исклучете го мобилниот интернет уште пред да се качите во авион! Ако навистина многу ви треба интернет подобро купете локална SIM картичка, кога ќе пристигнете на вашата посакувана дестинација. Друга опција е да се користите интернет од места со бесплатен Wi-Fi.

3. Недоволно време помеѓу два лета

Greski patuvanje

Сите знаеме дека летовите можат да бидат непредвидливи, што понекогаш може да ни биде лоша шега, ако летаме со префрлување. Затоа, кога резервирате билети планирајте рационално временско растојание помеѓу летовите - доста посигурно е.

4. Менување пари на аеродромот

Greski patuvanje

Веднаш штом ќе пристигнете на избраната дестинација, потребна ви е локалната валута. Ве советуваме уште пред да заминете, да размените пари. Ако поради некоја причина не сте го направиле тоа, подобро прашајте некој локалец каде би било најпрофитабилно да го направите тоа.

5. Не сте ја известиле компанијата која ви издала кредитна картица дека ќе патувате

Greski patuvanje

Не заборавајте да ги разгледате опциите на вашата кредитна картичка, ако ја користите, затоа што на маргинално патување може да ве доведе до замрзнување на сметката.

6. Не сте извадиле осигурување

Greski patuvanje

Добро е да си извадите туристичко осигурување, бидејќи никогаш не знаете што може да се случи. Во повеќето случаи, тоа покрива итни медицински трошоци кои можат да бидат „солени“.

7. Не сте направиле проверка на истекот на визата

Greski patuvanje

Да ве вратат на граница само затоа што ви истекла визата би било исклучително непријатно. Секоја земја има своја политика за визи и затоа најдобро пред да одите во странство, видете да не ви истекува тој документ.

8. Планирање премногу активности за кратко време

Greski patuvanje

Премногу брз и целосен распоред на вашето патување сигурно ќе се одрази на спокојството што е едно од најважните работи, ако сакате да се одморите. Затоа наместо да брзате од една знаменитост до друга, бидете сигурни дека ќе оставите доволно време да се одморите и уживате на местата кои ги посетувате.

9. Не сте проследиле промени на летовите

Greski patuvanje

Исклучително важно е да следите дали авиокомпанијата со која летате има промена на летот. Одвојувањето на неколку минути, за да бидете сигурни за деталите околу летот може да ви спаси многу нерви.

10. Држете ги скапоцените предмети на сигурно

Greski patuvanje

Никој не сака да стане жртва на кражба особено при патување во странство. Како што знаеме, сепак, туристите се најранлива целна група за џебните крадци. Затоа држете ги парите, телефонот и документите на сигурно место!