Во денешно време едвај некој се сомнева дека спортските активности се важни како за физичкото, така и за емоционалното здравје. За неколку дена ќе се одбележи Денот на детето, а ние Ви споделуваме 5 најважни причини зошто да го поттикнете детето да спортува.

Спортот ја зголемува самодовербата

Учествувајќи во разни спортски игри, децата стекнуваат доверба. Покрај тоа, практикуваат одреден спорт, тие гледаат како секој напор се наградува - со повеќе достигнувања или вештини стекнуваат самодоверба дека сами можат да се справат со предизвиците.

Спортувањето ги усовршува квалитетите за тимска работа и лидерските квалитети

Тимската работа за постигнување на заедничка цел им помага на децата да развијат вештини за комуникација и решавање на проблеми - овие квалитети се даваат како на „гејминг игралиштето“, така и во секојдневното дружење.

Sport

Спортот релаксира

Колку и да не сакаме да поверуваме, децата во денешно време премногу често се под стрес и повеќе доживуваат чувство на анксиозност, манифестираат форми на агресија, дури и депресија. Спортот е најлесниот начин како за возрасните, така и за децата да поминат низ напнатите емоционални состојби. Особено кај тимските спортови, децата создаваат врски со своите соиграчи, кои ги тераат да се чувствуваат поддржани и како дел од важна идеја.

Спортот гради корисни навики

Каков спорт и да практикува детето, тој ќе му помогне да изгради трајни навики. Освен дисциплината, мотивацијата и организираноста, спортот ги гради и навиките за здрав начин на живот и „работи“ на тоа детето да порасне како активен возрасен човек.

Спортувањето е супер забава

Практикувањето на кој и да е спорт претставува најкраток пат до забава. Ако не сакате на вашето дете да му биде досадно - покажете му колку е пријатно да се спортува.

Бонус: Спортот троши енергија. Тоа значи дека родителите за себе ќе имаат еден час повеќе вечерва.