Кога почнуваме приказна за дивите животни на планина не може да не се завртиме зад себе и да констатираме дека се уште сме немале некое лошо искуство.

Поголемиот број љубопитни луѓе секогаш го поставуваат истото прашање: носите ли нешто со вас? Носиме насмевка, до сега таа не чува од се.

За своја безбедност добро е да носите петарди, иако можеби никогаш нема да ги употребите, но добро е во некоја ситуација да ги уплашите животните, а тие ќе избегаат.

Не може да се има чувство дека сте сигурни во планина отколку во град, но тоа чувство некогаш знае да биде погрешно, ако барате беља, ќе ја најдете и на планина и во град. Секаде има некои правила, и ако човек се придржува кон нив, ќе го намали ризикот од некои неочекувани случувања.

Како што мора да почитувате некои правила во градот, да речеме преминување на семафор на зелено, така и планината има свои правила кои треба да се почитуваат. Во планина има многу поголеми грижи отколку од дивите животни.

Но тоа нивен дом во кој доаѓаме да уживаме, а кога ќе дојдеме во нечиј дом треба да се почитуваат правилата во куќата. Често наидуваме на стапки од мечки или чувствуваме специфичен мирис за кои викаат дека е од мечките, но сме немале чест да се запознаеме.

Од опасни животни во нашите планини живеат мечките, волкот, рисот, дивата мачка, јазовецот итн. Но на луѓето страв во коски им влева самата помисла на мечката и волците. Мечката е најголемиот ѕвер на нашите планини. За изгледот на мечката сите се добро информирани и лесно можат да ја препознаат.

Но средбите се многу ретки. Бидејќи се смета дека јаде се, понекогаш се храни и со скакулци, ситни шишарки, но може да улови и поголем плен, како што е срната, еленот и др. Бидејќи шумите се повеќе се сечат живеалиштето на мечката е значително намалено, па наоѓањето храна е тешко.

Волкот е истотака една од ѕверките од кој луѓето се плашат. Тој јаде само месо. Има исклучително развиена стратегија за лов, и воглавно лови голем плен како елени, срни, диви свињи. На менито му се наоѓаат и глувци, стаорци, зајци.

На луѓето им прави проблем бидејќи се приближува до стадата со овци и ги напаѓа. Тој е хигиеничар во шумата. Ако наиде на труп од некое животно, радо ќе го изеде, а со тоа спречува можност за пренесување на некои зарази на другите животни.

Кога лови, се определува за најслабите единки кои се или болни или послаби во однос на останатите. Природниот закон е дека во шумата има повеќе волци отколку срни или некои други диви животни кои волкот ги лови. Тоа не претставува никаква закана за луѓето. Тешко е воопшто да се види.

НЕ ГИ ВОЗНЕМИРУВАЈТЕ ДИВИТЕ ЖИВОТНИ, А НЕМА НИ ТИЕ ВАС!