Планинарите кои штотуку започнале со планинарење често се прашуваат колку опрема е доволно за еднодневна тура. Одговорот на ова прашање зависи од неколку фактори.

  1. Колку е тешка турата - каков е теренот, дали по пат има извори и слично.
  2. Какви се временските услови - доколку е зима или се очекуваат лоши временски услови сигурно ќе ви треба повеќе опрема.
  3. Колкава удобност сакате во природа и кои се вашите потреби - некои луѓе не сакаат ништо да им прифали, додека другите се сосема задоволни со минимумот.

Од оваа причина ќе ви дадеме само некои насоки, а со време ќе научите што и во која количина треба да носите.

За еднодневна планинарска тура ви е потребно:

  • Ранец (25-35 литри)

Обувки:

  • Планинарски кондури / чевли наметени за на терен
  • Гамашни (доколку пешачите зимно време)

Облека:

  • Облека прилагодена кон временските услови (избегнувајте памучна облека)
  • Капа и ракавици (летно време шешир, капче или марама)
  • Јакна со качулка која е отпорна на ветер и вода или кабаница
  • Резервна облека за преоблекување кога ќе се испотите или намокрите

Храна и вода:

  • Доволна количина на храна за целиот ден (солена и слатка)
  • Околу 2 литри вода (по потреба и повеќе. Може да понесете и сок или чај, но избегнувајте алкохол и газирани пијалоци)

Додатоци: Планинарски стапови, мобилен телефон, фотоапарат, челна или рачна светилка, кибрит, прва помош, ноже, свриче, крем против инсекти, крем за сончање, наочари за сонце, компас, мапа или GPS.

Уживајте во вашите планински авантури!