Полека доаѓа времето кога поголемиот број планинари рекреативци и луѓе љубители на природата се будат од зимскиот сон и се упатуваат кон планините, а таму најбитното нешто се обувките кои ги носите.

Кога треба да ги одберете вашите кондури за планинарење тогаш внимателно разгледајте на овие важни работи.

Тежина

Што полесни кондури ќе ви овозможат помал напор на ногата. Но полесно не значи и подобро. Внимавајте зглобот секогаш да има потпора од кондурата.

Кондури

Вода

Вас ви треба материјал кој не пропушта вода внатре, а влагата и течностите ги испушта надвор.

Заштита од повреди

Вашите кондури треба да ве штитат од удари на ножните прсти и повреди на зглобот. Кога носите тежок товар вашата нога мора да се движи во внатрешноста на кондурата напред и назад, но не премногу за да не дојде до повреди. Од овој текст може лесно да воочите дека универзален вид на кондура е кондура со средна тежина. Погодна за некои тешки и лесни терени, но и за обична прошетка. Одберете ги оние кондури кои вас најдобро ќе ви одговараат, но внимавајте на некои важни работи кои секоја планинарска кондура мора да ги има.

Кондури

Вид на планинарење

Бирајте ги своите кондури за теренот на кој ќе одите. Ако се тоа некои лесни рамни терени зошто тогаш да купувате некои тешки кондури кога можеби ќе ви бидат доволни само планинарски сандали. Кондурите кои пружаат поголема поддршка на зглобот се подобри за почетници, а оние искусните на кои зглобот веќе им навикнал на груби терени, можат да користат и полесни кондури.

Удобност

Ова е тешкиот дел кај изборот на вашите кондури бидејќи секоја нога е различна. Кога ги купувате вашите кондури земете во обзир и дека ќе носите и подебели планинарски чорапи. Со текот на време таа кондура би требало да се „разгази“ така што ќе ви биде поудобна. Кондурата не смее да биде ни преголема ни премала, затоа подобро немојте да ги купувате оние кои не ви одговараат туку почекајте и одберете ги оние најдобри за вас.

Кондури

Квалитет на кондура

Вашата кондура немора да биде најскапата од дуќанот во кој пазарите. Погрижете се да биде квалитетна и да ги задоволува вашите потреби. Гледајте да има цврст ѓон и да нема некои гребаници. Обрнете внимание на дебелината бидејќи ако се премногу тенки брзо ќе се искинат.