Времето на планина честопати е непредвидливо, а кога ќе не фати невреме на некој врв или на пат до врвот, опасноста е по живот.

Затоа е многу битно да се планира активноста во склад со временските прогнози и да се превземат мерки на безбедност со што би се намалил ризикот.

Најдобриот совет е да не одите на планина во лошо време, но доколку веќе сте на некоја висина и ве зафати невреме со грмотевици, придржувајте се на следните правила:

  • Гледајте што побрзо и безбедно да се спуштите од врвот, што пониско, на место кое не е експонирано
  • Не се кријте под сипари и карпи каде постои можност од одронување на камења
  • Стаповите или ранецот со метална конструкција оставете ги на сигурно место, па подоцна вратете се по нив, бидејќи знаат да претставуваат дополнителна опасност
  • Тргнете се од високо и осамено дрво, доколку сте во шума гледајте да бидете под ниски дрва, оддалечени бидејќи во случај на удар коренот и земјата спроведуваат електрицитет
  • Во случај на криење во пештера, направете изолација од тлото со помош на ранецот или друг дел од опремата кој е сув и не седете во близина на ѕидовите кои се мокри бидејќи спроведуваат електрицитет
  • Во случај да се движите во колона, зголемете го растојанието помеѓу членовите, така што во случај на гром помалку лица би биле повредени и после тоа би имале можност да му помогнете на повредениот
  • Доколку се најдете на отворен терен, никако не легнувајте на земја туку клекнете и држете таква положба
  • Доколку ви се наежи кожата во текот на грмотевиците и осетите електрицитет во воздухот, моментално трчајте на пониска и побезбедна позиција
  • После невремето почекајте барем пола час па тогаш продолжете со качување или други активности
  • Во случај да се наоѓате во близина на вашиот автомобил, влезете во него додека не пројде невремето, автомобилите се сигурна заштита од удар на гром бидејќи функционираат како фарадејски кафез
  • Кога поставувате камп обрнете внимание шаторот да не биде на повисоко, на патека по која поминува вода, под високо дрво и сл.
  • Шаторот не е безбеден доколку се наоѓа на експониран дел поради металната конструкција, подметачот под вреќата не е добра изолација со оглед дека воздухот спроведува електрицитет

Корисно:

  • Густите бели облаци кои се здружуваат можат да бидат знак дека надоаѓаа невреме
  • По удар од гром блесокот се појавува речиси моментално, звукот патува со брзина еден километар на три секунди, што значи доколку звукот на громот го чуете девет секунди после блесокот, ударот е на оддалеченост од три километри
  • Наглиот пад на воздушниот притисок најавува промена на времето на полошо
  • Громот се јавува и на оддалеченост преку 15 километри од облакот па постои опасност и тогаш кога над вас небото е ведро